Одложено судењето за случајот Алмир во кумановскиот суд

Од:

Во кумановскиот суд денеска, повторно беше одложено судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека го прегази четиригодишниот Алмир, кој по здобиените повреди почина.

Рочиштето на кое требаше да бидат презентирани завршните зборови е одложено поради работно отсуство на двајца обвинети за насилство во истиот случај, чичкото и уште еден роднина на Алмир. Адвокатот на обвинетите Сами Демири и Абдула Алиу информираше дека тие не можат да присуствуваат на ова рочиште поради дефект на камион со кој работеле и кој се наоѓа на турско-грчката граница. Адвокатот на обвинетите за наслиство, Асмир Алиспаиќ достави патен налог до судијата која го одложи рочиштето за 23-ти овој месец.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе