Одложено судењето за Диво Насење

Од:

Судењето за Диво Насеље одложено за 20 јули. Адвокатот Насер Рауфи како причина за одлагањето на рочиштето ја наведе неподготвеноста на Обвинителството, тој пред новинарите изјави дека обвинението за предметот е целосно промашено.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека во текот на минатата недела од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција до судот доставиле барање за одложување на судскиот процес.

На последните неколку рочишта обвинитите го бојкотираа судењето и побараа од судијката да бидат отстранети од судската сала бидејќи не го признаваат Судот.

Во терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај во 2015 година загинаа осум припадници на безбедносните сили, а четириесетмина беа повредени.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа – ВРЕДИ за „Диво насеље“

Катерина Ѓуровски

Една деценија од „Диво насеље“, загина осум припадници на безбедносните сили