Одложено судењето на екс полицаецот Трифуновски

Од:

Претресот од судскиот процес против поранешниот полицаец Јаќим Трифновски, обвинет за убиството на Бесник Шехапи и Имран Мегди, денеска беше одложен. Вештаците од психијатриската клиника бараа повеќе време за да го дополнат наодот по реконструкцијата која беше извршена минатиот месец. Дополнувањата, на извештаите од судска медицина и МВР биле готови и испратени по пошта, но до денеска не стигнале до Основниот суд Гостивар. Поради овие причини петчлениот судски совет го одложи претресот.

Што ново ќе донесат наодите по извршената реконструкција и дали ќе се утврди под какви околности Трифуновски пукал ќе биде појасно на 16-ти јануари. Во текот на судењето се појавија две верзии на настанот, едната која ја застапува одбраната, дека Трифоновски бил нападнат бил соборен и легнат кога пукал, како што тврдеше тој или пак нишанел во жртвите од стоечка позиција, како што кажуваа сведоците.

Адвокатите од двете страни оценија дека со реконструкцијата станало појасно  што се случило кобниот 28 февруари. Претходно на изминатите рочишта во Основниот суд во Гостивар беа изнесени материјални докази, се сослушаа сведоците, вештаците, а своја изјава даде и обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена