Одложено сослушувањето на сведоците на обвинетите во „Монструм“

Од:

Судењето за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро денеска беше одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев кој е на службено патување. Наредното рочиште за судењето е закажано за 6 мај.

За денешното рочиште беше планирано сослушување на сведоците предложени од обвинетите. До сега на судењето беа изведувани материјални докази.

Ова е второ судење кое е одложено поради отсуство на судијата Огнен Ставрев откако вчера беше одложено рочиштето за „Топлик“.

Адвокатот Насер Рауфи денеска го извести Судечкиот совет дека го враќа полномошното на обвинетиот Агим Исмаиловиќ со што престанува неговиот ангажман како негов бранител. Обвинетиот Исмаиловиќ се произнесе дека нема пари за нов адвокат, што значи дека на наредното рочиште ќе му биде назначен друг бранител по службена должност.

Обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута со правосилна пресуда на Апелациониот суд Скопје беа осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро. Единствено oбвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвинение бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.

Случајот од страна на Врховниот суд е вратен на повторно судење.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Советот на обвинителите не може да назначи в.д. – Кој ќе ја замени Јанева по истекот на мандатот?

Галена Николовска-Ризвановиќ

Судењето за „ТНТ“ продолжува на 30 август

Ана Ололовска

Ново рочиште за случајот „ТНТ“

Ана Ололовска

Не се одржа средба за СЈО, ќе тргне ли Заев во потрага по двотретинско мнозинство?

Галена Николовска-Ризвановиќ

Јанева не ги иззема Фетаи и Бубевски

Васко Маглешов

Јанева ќе одлучува дали да ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Васко Маглешов