Одложено рочиштето за „Таргет-Тврдина“, одбраната на Мијалков немала време за консултации

Од:

Се одложи денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“, на барање на одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК. Барањето за одложување е поради закажаната јавна седница на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, по жалбата на која ќе се расправа жалбата на Мијалков за притворот за случајот „Империја“.

„Имајќи предвид дека Мијалков е во притвор и вчера имаше рочиште за „Титаник 2“ и фактот дека одбраната немаше доволно време за консултации, бараме одлагање на денешното рочиште“ рече адвокатот на Мијалков, Петар Василевски.

Тој додаде дека по завршувањето на јавната сеница, која треба да се одржи денеска во 11 часот, одбраната нема да биде во состојба да продолжи со друго рочиште. Василевски се извини на обвинителите, на сведокот и на јавноста, што поднеле вакво барање, но смета дека е од објективни причини.

Судот го прифати барањето на одбраната, иако обвинителите на СЈО побараа да се направи обид за денеска да продолжи рочиштето за „Таргет-Тврдина“.

Денеска беше повикан да сведочи сведокот Ѓорги Лазаревски, поранешен вработен во УБК.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 13 декември.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов