Одложено рочиштето за „Таргет-Тврдина“, обвинетата Николиќ со влошена здравствена состојба

Од:

Влошената здравствена состојба на обвинетата Надица Николиќ, го одложи денешното рочиште за судскиот предметот „Таргет-Тврдина“.

Адвокатот Љупчо Шврговски изјави дека матичниот лекар ја известил обвинетата дека лекувањето ќе трае 10 до 15 дена. Одбраната воедно, истакна дека диагнозата на обвинетата е акутен бронхид и истата прима антибиотици. Кривичниот совет предводен од судијката Џенета Бегтовиќ, во овој случај изјави дека за денеска ќе го оправдат отсуството на обвинетата, но тоа не значи дека ќе го направат и на 15 јануари, на следното рочиште. Во меѓувреме од судот најавија дека ќе стапат во контакт со матичниот лекар за дополнителни информаци.

Иако денеска на предлог на одбраната беше предвидено да сведочат Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, двајцата укажувачи кои го обеледенија скандалот со масовното незаконско прислушување. Но, пред да се одложи денешното рочиште одбраната изјави дека го повлекува предлогот за лицето Ѓорѓи Лазаревски да биде сослушан како сведок.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов