Одложено рочиштето за „Т.Н.Т.“ за Груевски да оди на собраниската седница за уставните измени

Од:

Судијата Огнен Ставрев му го уважи барањето на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски кој на почетокот од судењето побара судот да го ослободи од денешното рочиште.

„Сакам да бидам ослободен од денешното рочиште. Сакам да присуствувам на седницата во Собранието, каде има точка за промена на Уставот. Досега не сум ја користел таа можност“, рече Груевски во Судот.

Во 10 часот имало закажано пратеничка координација, но поради рочиштето и, како што рече, почитта кон судот се појавил на судењето.

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО остави на судот да одлучи дали ќе го одложи рочиштето.

Следното судење е закажано за 25 октомври.

Во предметот „ТНТ“, седуммина обвинети, меѓу кои и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот тогашен политички противник од ПЕИ, Фијат Цаноски.

СЈО тврди дека со постапката на уривање обвинетите предизвикале штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски