ВИДЕО: Одложена седницата за „бомбите“ како доказ во „Тендери“

Од:

Поради службени обврски на претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска-Шопова, беше одложена денешната јавна седница во скопска апелација, на која што требаше да се расправа дали „бомбите“ може да се користат како доказ во предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на јавната седница присуствуваа судиите Јани Нича и Африм Фидани, како и четворицата адвокати кои ги застапуваат обвинетите.

Седницата е одложена за утре во 9 и 30 часот.

Освен Канческа-Милевска во „Тендери“ обвинети се и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска. На крајот на септември кривичниот совет кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифатија предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката. Апелација претходно одби да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи пртивор на Канческа и Лазарова-Цветковска.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски