ВИДЕО: Одложена амандманската расправа за една изборна единица

Од:

Амандманската расправа по предложените законски решенија за една изборна единица и отворени листи не започна затоа што не биле обезбедени административни услови односно амандманите не се преведени и објавени во електронскиот систем, информирашае претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.

Тој додаде дека од службите добил информација оти до крајот на идната недела ќе биде отстранета оваа пречка за да ја закаже комисијата и да започне претресот по амандманите.

„Од 5.899 амандмани колку што се поднесени за двата закони, 3.734 не се обработени. Веднаш ги известив службите на Собранието кои ни дадоа гаранција дека до следната недела амандманите ќе бидат обработени“, рече Кирацовски.

Од прес-центарот на Собранието тој најави и дека по однос на двата закони на 25 декември ќе има јавна расправа и упати повик до сите заинтересирани за оваа област, но и до предлагачите на амандманите да бидат дел од конструктивна дебата.

„Се надевам дека на оваа јавна расправа ќе дојдат и пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе имаме конструктивна дебата и можност самите да се уверат од потребата за носење на овие законски решенија. Постои простор низ разговор да проработи свеста кај нив и да ги повлечат амандманите“, додаде Кирацовски.

На прашањето дали ќе има доволно време да се заврши амандманската расправа и да се донесат законите, Кирацовски рече дека негова обврска било да ја закаже комисијата, повторувајќи дека подносителите на амандманите до идната недела можеби ќе ги повлечат.

Би можело да ве интересира

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

Орце Костов

СДСМ и ДУИ уште лани разговарале за предизборна коалиција, договор уште нема

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Стејт Департмент: Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија