Одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба – почнува кампањата на АХВ за подигање на јавната свест

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја почнува кампањата чија цел е подигнување на свеста на сопствениците и одгледувачите на коњи кои се користат за влеча, превоз и работа, како и подигнување на свеста за опасноста од учеството на оваа категорија животни во сообраќајот, особено во урбаните средини.

Според АХВ, при одгледувањето коњи, како и секој друг вид животно, клучно е унапредувањето на неговата здравствена заштита и благосостојба, но и законската одговорност на секој сопственик.

-Од денеска почнуваме со реализација на кампања за подигнување на јавната свест за благосостојбата на работните коњи со цел унапредување на здравствената заштита на оваа категорија животни, која претставува и сериозен сообраќаен и безбедносен проблем на патиштата, особено во урбаните средини. Во рамки на оваа кампања изработен е едукативен спот, постер на Македонски, Албански и Ромски јазик и билборди кои ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Прилеп, информира Агенцијата.

Почетокот на кампањата ќе се одбележи со одржување состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Градот Скопје, Општина Шуто Оризари и на Коњичката федерација на Македонија.

Кампањата е една од компонентите на кампањите за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” што АХВ го реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. Проектот е составен од неколку компоненти и е вреден 1,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ

Јаткасти плодови и зачини со поминат рок – АХВ заплени и уништи 37 тони храна

А1он

Вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство шест години добивал плата, а не доаѓал на работа

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ