Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада

Од:

Во врска со загриженоста што Здружението на новинарите ја изрази и во допис до Кабинетот на претседателот на Собранието, но и преку медиумите, а во однос на седницата што се одржа на 28.1.2024 година, на која беше избрана техничката Влада на Република Северна Македонија, ве информираме дека не станува збор за привилегиран однос на Собранието кон одредени новинари, ниту за непринципиелен третман кон новинарите и медиумските работници од домашните медиуми, извести собраниската прес служба.

„Сакаме да истакнеме дека, поради зголемениот интерес на претставници од домашните, но и од странски медиуми, кои уредно беа акредитирани до 26 јануари годинава, беше увидено дека интересот за следење на пленарната седница е значително зголемен во однос на вообичаената пракса, поради што го ставивме на располагање целиот капацитет на галеријата. Ве уверуваме дека Собранието на Република Северна Македонија останува институција отворена за граѓаните, но и за претставниците на медиумите со кои и досега сме имале конструктивна и плодна соработка, во интерес на навремено и доследно информирање на граѓаните и таа соработка во иднина ќе се продлабочува“, се вели во одговорот од Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

МИМ и ЗНМ го претставија новиот Кодекс на новинарите: ВИ може да помогне, но никогаш нема да биде новинар

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование