Мијалков не сака јавноста да ги слуша „бомбите“ за апсењето на Љубе Бошкоски

Од:

Предметот „Тортура“ денеска продолжува со доказна постапка каде е планирано да се пуштаат незаконски прислушуваните разговори.

Адвокатот на обвинетите, Љупчо Шврговски побара јавноста да биде исклучена од судењето бидејќи во снимките поднесени како доказ од страна на обвинителството имало содржина од приватниот живот на првообвинетиот Сашо Мијалков.

Шврговски исто така побара еден од разговорите воопшто и да не се пушта бидејќи нема никаква поврзаност со случајот, а се загрозува приватниот живот на обвинетиот и неговиот соговорник во тој разговор, кој засега е непознат.

Шврговски за ова барање се повика на меѓународното право, и европската судска пракса каде како што кажа, снимени разговори се пуштаат само оние кои се во интерес на постапката.

Барањето на Шврговски е одбиено, по што беше пуштен разговор помеѓу Мијалков и Драган Павловиќ Латас, кој веќе и е познат на јавноста.

Во случајот „Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и 6 припадници на единицата “Алфи” за вршење тортура при апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски