Одбраната на Ивона Талевска: Ако не патува, таа нема да може да го исплати кредитот за стан

Од:

Одбраната на Ивона Талевска денеска пред Апелациониот суд во Скопје побара да бидат укинати мерките на претпазливост за неа, односно да и биде вратен пасошот кој и го одзема судот. Како аргументи, одбраната на Талевска го наведува тоа што обвинетата редовно се јавувала кај органите на прогонот, но и дека била вработена, што укажува дека не може никаде да избега.

Притоа, таа морала да патува, бидејќи имала договор за работа со српска фирма, што укажувало на потреба за почесто патување надвор од земјата.

„Потенцирам дека за ваков вид кривични дела, односно затајување данок на ваква сума, не се сеќавам дека имало вакви мерки. Со оглед кога СЈО почна да работи и правните квалификации за обвинение за кривичното дело Смарт груп дооел рокот е истечен. Вештачењето укажува на тенденциозност кој не соодејствува со кривичното дело. Нејзиното работно место е врзано со патување, има договор со српската компанија „Танир”, вели адвокатката Светлана Савиќ.

„Нејзините патувања се врзани со работата. Сметаме дека мерката е престрога или има други цели во позадина. Целокупната документација која е дел од постапката е предадена од нејзина страна, апсолутно со ништо не постои сомнеж дека би се дала од бегство, за сума од 300 илјади денари. Ваквите мерки се премногу високи за сомненија за обвиненија од страна на СЈО. Доколку Талевска не патува, таа нема да може да ја извршува нејзината професионална работа, а со тоа нема да може да го исплати кредитот за стан кој го има земено. Судот имал во предвид дека обвинетата е новинар, како и сите околности наведени во решението. Имајќи ги предвид доказите, а со тоа патувањето во странство, се сомневаме дека поради истите работни обврски ќе се успори постапката. Предлагам жалбата да биде отфрлена“, вели Стевчо Донев.

„Ако имаше некакви сомневање дека ќе ја прекршам постапката, тие можеа вакви мерки да поднесат на почеток од постапката, а не кога е поднесено обвинение. Динамиката на моите работни обврски ќе биде во согласност со постапките на органите на прогонот“, вели Талевска.

СЈО ја товари Талевска за даночно затајување, преку Смарт груп дооел Скопје. Одбраната побара да бидат укинати мерките претпазловост за обвинетата Ивона Талевска, која моментално е со одземена патна исправа.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“