Одблокирана сметката на 1 ТВ, го платила долгот кон УЈП

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) ја одблокирала сметката на 1 ТВ, откако телевизијата го платила долгот.

„Ве известуваме дека денеска откако е направена уплата на парични средства за исплата на долгот согласно евиденциите на Управата за јавни приходи, банкарската сметка на правното лице е одблокирана“, изјавија од УЈП за „А1он“.

УЈП утринава потврди дека сметката на телевизијата 1ТВ е блокирана, но не дадоа дополнителни информации и образложение бидејќи „се обврзани сите информации да ги чуваат како даночна тајна“.

„По однос на причините врз чиј што основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка, Управата за јавни приходи е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, стоеше во информацијата испратена од УЈП.

Веднаш потоа реагираа од 1ТВ, од каде дека тврдеа дека „написите за блокираната сметка се тендеционзни а менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда.“

Сопственик на 1ТВ е БМЈ Медиа Груп, а управител е Јасна Мандиќ.

Сопственици на БМЈ Медиа Груп, пак, се Миле Јовановски и Јасна Мандиќ. Во јавноста, како сопственик на телевизијата се претставува синот на Јовановски, познат како Боки 13.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа