Одблежан Денот на Бригадата за логистичка поддршка на Армијата

Од:

Логистичката поддршка претставува постојан процес кој ги идентификува потребните промени во функциите, организацијата и процесите со цел следење на оперативните и ситуационите промени, истакна денеска заменик командантот на Здружената иперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Орце Јордев на одбележувањето на Денот на Бригадата за логистичка поддршка.

-Историјата е полна со примери каде квалитетната и навремена логистичка поддршка има огромно влијание врз борбените дејствија на армиите, истакна Јордев.

Тој потенцира дека потребно е унапредување на логистичката поддршка со цел да се обезбеди способност за поддршка на распоредените сили во операции надвор од земјата. Логистичката поддршка, според него, ќе обезбеди услови за живот и работа во извршување на задачите на Армијата.

Заменик командантот на ЗОК потенцира дека предизвиците со кои се соочува логистичката поддршка на Армијата ќе бидат уште поголеми во пресрет на нашето полноправно членство во НАТО Алијансата.

Командантот на бригадата полковник Мухарем Мухареми рече дека постојат многу примери низ историјата кои укажуваат дека војните се добиваат или губат заради факторот ресурси.

-Логистиката е сложена категорија со бројни функции, дејности, занимања, класи на материјали и друго. Повеќедимензиналноста на логистиката може да ја претставиме само со називите на неколку занимања кои постојат во единицата како што се инженер, механичар, готвач, лимар, возач, електричар, стоматолог, болничар, техничар и многу други занимања кои се најголемата вредност што ја имаме во единицата, истакна Мухареми.

Согласно уредбата на претседателот на државата, Бригадата за логистичка поддршка оваа година по седми пат го одбележува денешниот датум како ден на единицата. Денот на Бригадата за логистичка поддршка ја продолжува традицијата на Првата македонска воена логистика воспоставена уште од далечната 1876 година кога под водство на Димитар Поп Георгиев Беровски во исклучително тешки услови востаниците продавајќи ги своите вредни работи обезбедувале средства за логистичко обезбедување на Разловечкото востание.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори