Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Од:

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.

dobivaj vesti na viber

– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е долежн веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Сеад Кочан требаше да се јави на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

Во меѓувреме, тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест, што исто така, е одбиено.

Сеад Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов