Нема притвор за ексградоначалникот на Кочани во случајот „Поштенска банка“

Од:

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд ја одби жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка за определување мерка претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски и за сопственик на НОЕЛ ЕКСПОРТ ИМПОРТ, Томе Главчев.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на Обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка, се наведува во соопштението од Судот.

По однос на став 2 од жалбата, а по службена должност, со решението на советот на осомничените Р.Д. и Т.Г. се опредлува дополнителна мерка претпазливост и тоа привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ