Одбиена жалбата на инвеститорот, „Шпанските скали“ дефинитивно нема да се градат

Од:

„Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, информираат од Општина Центар, појаснувајќи дека со ова, останува на сила
решението издадено од општината за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста.

Општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, на инвеститорот Амадеус Девелопмент, затоа што истиот не започнал со градежни активности во законски предвидениот рок од две години.

Инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ, незадоволен од решението на Општина Центар, поднел жалба до второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, како орган надлежен за решавање на спорови. Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски на 20.8.2020, донел решение со кое што жалбата на инвеститорот изјавена против решението издадено од општината од 12.5.2020 се одбива како неоснована, велат од Општина Центар.

Второстепениот орган, откако детално го разгледал обжаленото решение и наводите во жалбата, констатирал дека Општина Центар детално го образложила и пресметала рокот од 2 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, а со тоа изминал и рокот за отпочнување на градба.

Со ова, второстепениот орган укажал дека Општина Центар правилно ги проценила и увидела
дека се исполнети условите за огласување на ништовно одобрение за градење, додаваат од општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски