Одбележувањето на Илинден под посебни протоколи, со заштитна опрема, дистанца, без учество на хорови и КУД

Од:

Манифестациите за одбележување на празникот Илинден во Пелинце, Крушево и во Скопје ќе се одржат под посебни услови согласно протоколите за заштита од КОВИД-19 што ги усвои Владата. Почитување на дистанца од два метра, носење заштитна опрема, заградување на просторот каде ќе се одржуваат манифестациите со поставување столчиња заради запазување на потребната дистанца, обезбедување редарска служба која ќе контролира спроведување на мерките се дел од протоколите.

Според владиниот заклучок од 76. седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот треба да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Mинистерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија, што вчера го усвои Владата.

Протоколите предвидуваат поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.

-При превоз на учесниците до местото на настанот да се почитуваат протоколите за превоз на патници изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Влада на РСМ, со максимум 3 лица во патничко возило односно 50 проценти од капацитетот на автобус/минибус. Задолжително носењето на лична заштита на лицето на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација. Задолжително одржување физичка дистанца од два метра на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, стои во протоколите што вчера ги усвои Владата.

Исто така, треба да се огради просторот на локацијата каде ќе се одвива настанот и да се организира редарска служба со цел да се спречи неовластено влегување и обезбедување физичката дистанца од два метра.

Бројот на лица да се ограничи на максимум 50 проценти од капацитетот на оградениот простор во кој ќе се постават столчина за седење на растојание од најмалку два метра. Треба да се постават јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, но и да се обезбеди редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на мерките во просторот каде се одржува настанот.

Протоколите предвидуваат поставување дозери со средства за дезинфекција на рацете при влез и излез, како и на неколку места во оградениот простор на настанот. Треба да се обезбедат мобилни хемиски тоалети зависно од бројот на учесници на настанот, како и медицински екипи со санитетско возило согласно бројот на учесници на настанот. Се забранува служење и поставување штандови со храна и пијалоци. Се дозволува само служење на оригинално пакувана вода.

При полагање на венците и свежо цвеќе треба да се почитува препорачаното растојание од два метра помеѓу членовите на делегацијата. Помеѓу две делегации кои положуваат цвеќе на спомен обележјето да се обезбеди временско растојание од две минути.

Гардистите задолжително треба да носат заштитна маска. Во културно-уметничкиот дел на одбележување на настанот не се препорачува учество на хорови, играорни групи, дувачки оркестри. Државната химна се препорачува да ја отпее едно лице без учество на пропратни вокали.

По завршување на настанот се препорачува напуштање на локацијата на организиран начин. По завршување на настанот се забранува групирање на повеќе лица во угостителски или други објекти.

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска