Одбележана петгодишнината од бродската несреќа на Охридското Езеро

Од:

Со положување цвеќе пред спомен-обележјето на Градскиот кеј во Охрид денеска беше одбележана петгодишнината од бродската несреќа на Охридското Езеро, кога при превртување на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Република Бугарија.

Венци со цвеќе пред паметникот на жртвите положија делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, конзулот на Република Бугарија во Битола Чавдар Младенов, претставници на Здружението на граѓани „5 септември“, на Капетанијата на пристаништа од Охрид, како и гости присутни на комеморацијата.

Градоначалникот Бакрачески потсети на трагичниот настан на загинувањето на 15-те туристи од Бугарија, изразувајќи жалење за загубата. Тој најави дека во соработка со претставниците на бугарската држава во Република Македониа ќе се направи соодветно спомен-обележје во непосредна близина на местото каде се случи немилиот настан.

5godisninaIlinden

Бугарскиот конзул Младенов истакна дека лично многу му е тешко кога ќе се потсети на големата трагедија.

– Трагедијата е голема, навистина голема, болката е голема. Ние сме тука за да си помагаме, за да живееме заедно, рече Младенов, заблагодарувајќи се на Општина Охрид што го одржува споменот на настраданите во несреќата.

Бакрачески нагласи дека инцидентот иницирал крупни промени во начинот на регулирање на бродскиот сообраќај на Охридското Езеро, со значајно подигање на безбедноста, како за учесниците во сообраќајот, така и за капачите.

5godisninaIlinden2

– Оваа година не е регистриран ниту еден случај на нарушување на безбедноста во сообраќајот на езерото, ниту каква било несреќа.

– Ние како локална власт, заедно со Капетанијата и Министерството за транспорт и врски, ќе бидеме силно посветени кон воведување идни мерки насочени кон подигање на безбедноста на повиско ниво, рече Бакрачески.

5godisninaIlinden1

Несреќата на Охридското Езеро се случи на 5 септември 2009 година,  кога бродот „Илинден“ потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот во близина на автокампот „Елешец“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои со „Илинден“ патуваа на излет во Свети Наум. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов