Одбележана 75-годишнината од излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред

Од:

Општинската организација на Сојузот на борци за Куманово ја одбележа 75-годишнината од излегувањето на првите кумановски партизани.

Претставници од Општина Куманово, деца од градинката „Ангел Шајче“ и членови на здружението Полициски воени ветерани положија свежо цвеќе пред споменикот во бавчата на Денко Цеков, таткото на првоборецот Јордан Цеков Дане, место од каде се излезени седум партизани сметани како јадро на формирање на првиот кумановско-партизански одред. На овој начин Општинската организација на Сојузот на борци за Куманово ја одбележа 75-годишнината од излегувањето на првите кумановски партизани, борци од НОБ.

За значењето на 26 јуни, од името на Сојузот, пред присутните говореше Зора Ивановска. Од здружението на борците порачаа дека ваквите настани не смеат да се заборават.

На 10 октомври одредот е преименуван во скопско-кумановски одред и е разделен на две чети, првата дејствува во реонот Куманово, Кратово, Крива Паланка, а втората во Скопска Црна Гора. Откако одредот достигнал бројка од сто луѓе, влегол во составот на првиот кумановски народноослободителен партизански баталјон и понатаму започнале да се одвиваат борбените дејства.

Истовремено, делегација од Сојузот на борците положи свежо цвеќе и во бавчата на Ангел Тодоровски, татко на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, во Бедиње.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе