Одбележан Денот на Воениот медицински центар

Од:

Да се биле дел од военото здравство покрај стручноста, потребна е дополнителна храброст, пожртвуваност и посветеност, а по што припадниците на ВМЦ се препознатливи како во земјата така и при учество во меѓународните вежби и мировни операции, истакна денеска командантот на бригадата за логистичка поддршка при АРМ полковник Цветко Јаневски на одбележувањето на Денот на Воениот медицински центар (ВМЦ) на АРМ – 21 декември.

– Потврда за нивната професионалност се добиените високи признанија и одликувања што нас не прави посебно горди, истакна Јаневски и на вработените во ВМЦ им порача да продолжат во иднина успешно да ги извршуваат претстојните активности и предизвици кои ќе следат.

Командантот на ВМЦ потполковник Ирена Минева рече дека мисијата на ВМЦ од формирањето па досега е зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на АРМ.

– За тоа доказ се спроведувањето на примарната здравствена заштита во гарнизоните на АРМ, нашите признати специјалисти, нашите акредитирани лаборатории и нашиот современ Центар за медицинска обука, рече Минева.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд