Одбележан Денот на пожарникарството во Дебар

Од:

Територијалната противпожарна единица во Дебар денеска го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарството во Македонија.

Вработените во противпожарната единица ги претставија пред граѓаните опремата и дел од активностите што ги применуваат при нивните интервенции.

Командирот на единицата Џетан Муфтаровски информираше дека единицата е професионално подготвена за интервенции и оти во текот на минатата година реализирала повеќе проекти за зајакнување на кадровскиот потенцијал.

Додаде дека материјалната поддршка што единицата ја добива од општина Дебар е на потребното ниво, но оти останува нерешен проблемот со средствата што единицата треба да ги добива од руралните општини Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

Во првите четири месеци од годинава противпожарната единица интервенирала во 30 случаи што е многу помалку во однос на минатата година.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ