Одбележан денот на единицата за специјални задачи „Тигар“

Од:

Вчера, 13. март Единицата за Специјални Задачи го одбележа Денот на Единицата-36-годишнината од формирањето. Во рамки на одбележување на Денот на ЕСЗ „Тигар“ беа организирани повеќе манифестации и активност во периодот од 10 до 12 март 2017 година.

Во петокот на 10. март во Единицата беше спроведена крводарителска акција на која крв даруваа 36 припадници на ЕСЗ. На 10-ти март беше положено и цвеќе на споменикот на загинатите припадници на единицата, а командантот Славчо Петрушевски имаше обраќање пред припадниците. Истиот ден на повеќе припадници на единицата им беа доделени јубилејни плакети за 10, 15, 20 и 25 години служба во ЕСЗ.

Во саботата пак, беа посетени семејствата на загинатите припадници на ЕСЗ, а беше положено цвеќе на гробовите на загинатите припадници на специјалната единица.

Се организираше и отворен ден во Единицата за семејствата на припадниците, преставниците на МВР, пријателите и соработниците на Единицата. На отворениот ден за посетителите беше организирана изложба на возила, средства и опрема, како и забавна програма за децата на припадниците.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари