Од Водовод апелираат да не се крадат решетките од сливниците

Од:

Откако беа украдени 15 решетки од сливници во скопската населба Ченто, од Водовод и канализација апелираат граѓаните поодговорно да се однесуваат кон атмосферската канализација.

„Во текот на изминатите неколку дена е извршена кражба на 10 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 5 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски