Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Од:

Уапсени се двајца романски државјани откако извршија кражба во златарница, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници ги уапси В.Л.П.(19) и Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар, соопштија од МВР.

Како што се појаснува во објавата, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола, со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.

– Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, потенцираа од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски