Од велешката болница еден излекуван од Ковид-19, петти ден нема регистрирано ново заболени

Од:

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Велес во изминатите 24 часа нема ново регистрирани заболени од Ковид -19, а со тоа во Велес петти ден нема регистрирано ново заболени од 21-ви мај кога беа 127,од кои денеска активни се 40.

Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Весна Неделковска Николова денеска од Инфективното одделение на болницата е испишан еден оздравен пациент, а на ова одделение денеска има 18 пациенти сите со позитивен тест на Ковид-19.

Неделковска Николова информира дека една жена на околу 60 години во потешка здравствена состојба од Инфективното одделение на велешката Општа болница денеска е препратена на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Од Министерството за здравство денеска информираа дека на Инфективната клиника во Скопје почина пациентка од Велес на 78 годишна возраст хоспитализирана на 14 мај.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес