Патниот правец Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица од утре ќе биде отворен за сообраќај за сите видови возила. Тој сезонски се затвора од 15 ноември.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.