Од утре пониски цени во регионалниот роаминг

Од:

Од утре за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.

Тоа ќе биде второ намалување согласно договорот на регулаторните тела на четирите држави, што стапи во сила во јули лани.

Минатата година цената на минута појдовен повик во роаминг беше намалена за 73 проценти. Од утре, како што информираат од македонската Агенција за електронски комуникации, за минута појдовен повик ќе се плаќа 14,8 денари. За следната година е предвидено намалување од 14,8 денари за минута за појдовен повик на 11,7 денари, или за 20,2 процента.

По минатогодишното намалување на цената за СМС во роаминг за 54,5 проценти, годинава таа се намалува од 5,6 денари на 4,9 денари, односно за 11,1 процент.

Лани цената за 1 MB интернет беше намалена за 90 проценти, а од утре ќе биде пониска за 35,7 проценти. Еден МБ интернет во малопродажба наместо 43,2 денари ќе чини 27,8 денари. Во јули следната година, согласно договорот, цената ќе се намали на 12,3 денари, односно за 55,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027

Катерина Ѓуровски

Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Наскоро се укинува роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ

Катерина Ѓуровски