Од утре iPhone 5 во Македонија

Од:

Од 14 декември, во Македонија пристигнува најновиот телефон на Епл, Ајфон 5.

Ајфон 5 работи на iOS 6 оперативен систем, кој има 200 нови карактеристики. Меѓу нив позначајни се навигација со говорни и визуелни инструкции, интеграција со Фејсбук за организирање на билети, пропусници и картички за лојалност.

„Го носиме Ајфон 5 во Македонија како последно иновациско решение во мобилната телефонија. Токму затоа Т-Мобиле е лидер на пазарот, постојано е во чекор со светските технолошки трендови, правејќи ги достапни за македонските граѓани. Најновиот Ајфон 5 како најнапредната комуникациска алатка овозможува брз и сигурен пристап до повеќе мултимедијални содржини. Овој апарат овозможува олесната и понапредна комуникација во движење, едноставност при ракување, неограничена забава и зголемен адреналин за сите љубители на паметните телефони“, изјави г-дин Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Т-Мобиле ќе го овозможи најновиот iPhone 5 од 16GB веќе од 13.900 денари во тарифата i3600 со потпишан договор за Доверба 24. Повеќе информации за телефонот може да се најдат на страницата www.t-mobile.mk/iphone.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска