Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

Од:

Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.

Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.

ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска

Над 12 000 потписи на петицијата за екстерното тестирање

Ана Ололовска