Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ се повлекува и претседателот на младината од Карпош

Од:

Откако претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски се повлече од неговата функција, него со следеа и претседателот на Градскиот комитет, Томи Кепевски, и Јован Никушевски од УМС Карпош.

„Ве известувам дека си поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Карпош. Прифатив да бидам на оваа функција верувајќи во идеите за просперитетно ВМРО-ДПМНЕ, прогресивна УМС и Европска Македонија. Навредите, говорот на омраза, отровот кој беше меѓу сите нас, не оддалечи и не изолира од нашите стратешки цели. Отанувам ВМРО-ДПМНЕ, борбата за Европска Македонија нема да запре тука.Сакам да се заблагодарам на целиот тим на УМС Карпош“ се вели во оставката на Никушевски.

Тој додава дека без силна младина нема иднина и во неговото соопштение пишува дека целосно застанува зад Лука Кржалоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ