Од среда полицискиот час да почнува во 23 часот, а на угостителскиот објекти да им биде дозволено да работат до 22.30 часот. Ова е предлогот што Главниот кризен штаб и ги предлага на Владата. Предлогот потекнува од Министерството за здравство.
Владата овие предлози треба да ги разгледува на утрешната седница, а ако бидат усвоени во сила новите мерки ќе бидат веќе од среда.
Угостителскиот објекти би продолжиле да работат само на тересите и во отворените делови.