Од следната недела скрининг за коронавирус во основните и во средните училишта

Од:

Со согласност од родителите, учениците во основните и средните учениците ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 1600 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање. Овој процес би требало да заврши оваа недела, најдоцна на почетокот на следната, и во текот на следната недела да се започне тестирањето на учениците, рече Филипче на новинарско прашање.

Тој појасни дека постапката ќе биде со земање најобичен брис.

– Не очекувам отпор, се надевам дека ќе разберат, ќе ја поддржат целокупната оваа акција со цел да имаме еден пресек. Ќе добиеме навистина важен податок за евентуално трансмисија на вирусот во училиштата. Очекуваме да го завршиме за временски период од 10-ина дена до две недели, рече Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца, како што наведуваат од Министерството за здравство, ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Би можело да ве интересира

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

Орце Костов

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски