Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараат да се отфрли францускиот предлог. Тие се децидни дека ако се прифати предлогот, министрите во Владата ќе бидат разнебитувачи на Македонија.
„Нема да биде претерано ако заклучам дека ЕУ отворено поддржува поделба на црни и бели. Токму затоа оваа понуда од страна на ЕУ на Франција и на Бугарија, за мене како Макеоднка е неприфатлива. Не за ЕУ!“, кажа една од говорниците. Неприфатлива треба да биде и за оние што треба да го прифатат овој француско-бугарски предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот идентитески столб, македонскиот јазик. Само и само да се оствари веконвиот великобугарски сон“, кажа една од говорниците.
„Партизаните не преговараат со фашисти“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, се само дел од транспарентите. Во рацете, присутните држат „не“.