Од португалската инвестиција во Преспа – само трски, трње и змии

Од:

Наместо постмодерно чудо како што најавуваше власта, Преспа остана во минатиот век.

Катастрофалната инфраструктура, несредените плажи обраснати со трева и трња ги мачат мештаните на брегот на Преспанското езеро кои велат дека секоја година има се помалку туристи. Стење е пусто.

stenje 2

Во туристичката населба Крани оваа година нема ниту плажа, затоа што немало кој да ја среди по надојдената езерска вода и од израснатата трска, па камперите кои имаат камп приколки таму велат дека на плажа одат неколку километри до селото Сливница кое ова лето е светла точка во Преспа.

Во Крани они кои имаат камп приколки велат дека врие од змии па речиси е невозожен одмор на тој дел од Преспа која е запуштено и оставена на милост и немилост од државата.

akvapura_plan_golem1

А, овде според најавите требаше да врие од елитни туристи со најавуваната инвестиција „Аква Пура“ која според најавите од пред неколку години требаше да го врати животот во Преспа и да ја стави на мапата на светски туристички дестинации.

Португалските инвеститори пред камерите во 2007 година поставија камен-темелник за новиот хотелски комплекс на брегот на Преспанското Езеро, добија признанија „златно јаболко“, се гостеа по Преспа.

До 2011 година, според најавите, требаше да ги чекаме првите гости во очигледно неизградениот комплекс на 50 хектари со хотел, 70 вили, спа центар, ски-центар, ловиште.

– Туристите кои доаѓаат од цел свет не сакаат да останат затворени во хотелот, туку ќе сакаат да посетат и некои други ресторани, да прошетаат со брод, да видат нови работи. Со своите трезори од илјадници години, со своето магично езеро и со фреските на Ангелот од Курбиново, Преспа ќе биде препознатлива на сите меридијани – порача тогаш претседателот на Управниот одбор на Аква Пура, Диого Ваз Гедеш.

За да биде ситуацијата уште поиронична, неодамна интерес  да изгради хотелски центар во преспанскиот регион пројави Индиецот Субрата Рој.

Единствено власта не и пренесе на јавноста, дали планира Индиецот да го почне проектот после или пред тој што го најави во Охрид.

saharaja

Португалците единствено станаа сопственици на земјиштето во Отешево. Сега е на ред е Субрата Рој, за 1 евро по квадрат да си го купи земјиштето односно елитните парцели во Љубаништа на брегот на Охридското езеро.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска