А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките

by А1он02/05/2020 - 10:43722
Share0

Министерството за труд и социјална политика почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на паричната помош на шалтерите на банките за корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита.

Добивај вести на вибер

Помошта ќе се исплатува по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа:

– 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)

– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)

– 06.05.2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)

– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека корисниците кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од понеделник.

-Министерството потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра, се наведува во соопштението.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен