Од отворањето на градинките досега регистрирани 15 случаи на коронавирус кај деца и 44 кај вработени

Од:

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус. Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од своите домови.

-Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите работни места, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата, бидејќи како што рече здравсјето на сите гражани во моментов е нивен приоритет.

Одговарајќи на новинарско прашање за информации за заболени вработени во градинки во општините Ѓорче Петров и Карпош и голем број деца во изолација, министерката Шахпаска рече дека за тоа кој ќе оди во изолација по регистриран случај на позитивен на коронавирус одлучуваат епидемиолозите врз основа на епидемиолошка анкета.

-Не е изненадувачки доколку некој воспитувач или негувател е позитивен во изолација да одат и цели групи до 15 деца, бидејќи во групите од три до шест години има до 15 деца, рече министерката.

Во врска со информациите за позитивни случаи на вработени и поголем број деца во изолација во градинката Росица во Карпош Шахпаска појасни дека тоа е градика со три објекти и бројката од 44 изолирани деца е вкупна бројка од трите различни објекти.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов