Од наредната недела скрининг за Ковид-19 кај здравствените работници, вработените во градинките и домовите за стари лица

Од:

Завршен е планот за скринингот на населението за детектирање евентуално асимптоматски групи заболени од Ковид-19, од страна на Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Од наредната недела ќе се прават околу 400-500 тестови ќе се прават согласно индикациите за критични групи. Преку PCR тестови во првата група ќе бидат опфатени вработените во градинките, здравствените работници и вработените во домовите за стари лица.

„Кога децата ќе се вратат во градинките, треба да бидеме сигурни дека нема асимптоматски носители на вирусот кај вработените во градинките. Истото важи и за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, тие ни се приоритетна група“, рече Филипче.

Земањето брисеви за скринингот ќе се врши и преку матични лекари, но и преку матичните стоматолози.

Понатаму, скринингот ќе продолжи и кај таксистите, вработените во јавните служби, возачите во автобусите на ЈСП, како и кај пациентите со биолошка терапија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски