• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Од МВР алармирале дека Мијалков ќе избега, судот му изрекол куќен притвор и 24 часа видео надзор

by А1он22/02/2021 - 10:1222/02/2021 - 10:171677
Share0

Барањето за притвор на ексдиректорот на УБК и првоосомничен во „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков е од Обвинителството за организиран криминал и корупција. Алармот дека тој може да избега дошол од Бирото за јавна безбедност, а судот му определил мерки за обезбедување на присуство. Но, полицијата не го нашла Мијалков на ниту една од адресите каде тој престојувал за да му го врачи решението.

Добивај вести на вибер

„Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја  предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд,  советот во корелација со документацијата за сомневањето за бегство приложена од обвинителството со прилог  известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и  донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување“, велат од Кривичниот суд.

Против мерките за обезбедување на присуство, Мијалков има можност да се жали до Апелација во рок од 24 часа. Непознато е дали тоа го сториле неговите адвокати.

Инаку, Мијалков го нема повеќе од 12 часа. Полицијата ги има опколено сите места каде што тој може да се појави, прстојувал или живеел. Адвокатот Петар Василевски кој го застапува Мијалков за „А1он“ не сакаше да ја коментира одлуката и наместо одговор ја спушти слушалката.

mijalkovsaso

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Горан Наумовски07/07/2025 - 09:55

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Горан Наумовски27/05/2025 - 10:43

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски01/05/2025 - 11:3701/05/2025 - 11:37

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски27/04/2025 - 10:49

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Катерина Ѓуровски15/01/2025 - 14:15

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Катерина Ѓуровски05/11/2024 - 11:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен