Од кабинетот на Иванов не знаат кога Груевски ќе го врати мандатот

Од:

Од кабинетот на Ѓорге Иванов за А1он рекоа дека не знаат да кажат кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе го врати мандатот кај претседателот.

Во Уставот е јасно запишано дека мандатот се дава на оној кој ќе состави мнозинство во Собранието.

Тенденциите на експертите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ се дека мандатот не треба да се дава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, додека опозицијата очекува да го добие мандатот од Иванов.

Иако не е јасно дефинирано со Уставот, Ѓорге Иванов има рок од 10 дена да го даде мандатот на друг мандатар, кој ќе има нови 20 дена за формирање на мнозинство, со што нова Влада би добиле најдоцна до март.

По вчерашната изјава на портпаролот на ДУИ дека немаат внатрепартиски договор, со што беше јасно дека Груевски нема да формира Влада, ВМРО-ДПМНЕ наместо со најавената прес конференција излезе со соопштение преку кое бараат нови избори.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела