Од Гевгелија кон Табановце утрово заминале околу 600 мигранти

Од:

Околу 600 мигранти утрово со првиот воз од железничката станица во Гевгелија заминале кон Табановце, додека во текот на вчерашниот ден заминале четири специјални возови со околу 2.500 мигранти, информираат од железничката станица.

Сумираните резултати од вчерашното транзитирање на мигрантите низ Македонија во изминативе два дена, јавува дописникот на МИА од Гевгелија, укажуваат на извесно смирување на состојбата на јужната граница и на намалување на бројот на бегалци кои преку Грција пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија.

Според УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст, бројот на мигранти кои пропатувале вчера од Гевгелија до Табановце изнесува околу 3.000, а дел од мигрантите за превоз користат автобуси и такси возила.

Црвениот крст соопшти дека вчера во прифатниот камп во Гевгелија биле поделени 85 пакети со храна и вода, шест ќебиња и 75 пелени и дека биле направени 360 медицински интервенции во кампот, без потреба од болница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската