Од Франција во 2015 протерани 19 македонски државјани

Од:

Во 2015 година од Франција биле протерани вкупно 10.471 лице од нив само 19 се македонски државјани, јави дописникот на МИА од Париз.

Истата година во Албанија биле вратени 1.934 албански државјани, на Косово се вратени 266 негови граѓани, во Србија 127, а во Бугарија 285 лица.

Оваа бројка ја обелодени весникот  „Паризиен“, кој успеа да стигне до статистиката на француската гранична полиција. Државјаните од Албанија се најбројни кај протераните лица кои доаѓаат надвор од Европската Унија, потоа следат Алжирците, Тунизјаните и Мароканците.

Од земјите кои се членки на ЕУ, најбројни меѓу протераните се граѓаните на Романија со вкупно 2.422 протерувања. Државјаните од овие пет земји заедно претставуваат 63 проценти од сите протерани граѓани.

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски