Од Дубаи во Скопје е екстрадиран Флорим Лимани кој МВР го бараше за шверц на оружје

Од:

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја, извести МВР.

– Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Војната брутално влијае на Дубаи: „Имаме пари за да преживееме еден или два месеца, а што потоа?“

ВИДЕО: Иранските напади ја разоткриваат големата ранливост на земјите од Заливот

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

ВИДЕО: Ирански дронови погодија нафтен терминал во ОАЕ и американската амбасада во Багдад

Предраг Петровиќ

Возач загина во Дубаи откако беше погоден од остатоци од пресретната ракета