120 пазарни инспектори во контрола, на плажа од 100 квадрати дозволено е да има 15 луѓе

Од:

Државниот пазарен инспекторат од денес во полн состав продолжува со контрола на спроведувањето на безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот. На листата објекти за проверка од денес им се и плажите. Заедно со полицијата, покрај досегашните обврски, ќе проверуваат дали се почитува правилото за најмногу 15 луѓе на плажа од 100 квадратни метри, дали се носат маски и дали се одржува дистанца. Ќе ги контролираат и базените.

Според новите правила, на плажа од 100 квадратни метри дозволено е да се сончаат петнаесетмина

„Денес на работа се враќаат сите инспектори што значи дека продолжуваме со работа во полн состав, со 120 инспектори во целата земја. Во периодот пред изборите работевме со намален капацитет. Не сакавме да дозволиме нашите контроли да бидат ставени во функција на изборите и да бидеме погрешно разбрани па работевме по претставки, а го искористивме тој период и за одмор. Инспекторите одмораа во две групи по една недела, но од денес сите се на работа. Заедно со МВР ќе правиме контроли на плажите, оние што се организирани, што има некој што ги раководи кого можеме да го казниме доколку не ги почитува правилата за заштита од Ковид – 19. Полицијата ќе прави контрола дали физичките лица ги почитуваат правилата“, изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат за „А1он“.

Владата во понеделникот ги усвои протоколите за заштита од коронавирусот за плажите и за базените. Согласно новите правила покрај досегашните задолжителни маска, дистанца и честа дезинфекција, на плажа од сто квадратни метри ќе биде дозволено да се сончаат најмногу 15 луѓе, а задолжително е и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите како и точно и видливо информирање на посетителите за почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување на плажа.

На плажите не се препорачува користење на гардеробите. Пртоколот ги уредува и санитарно – хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

Еден пливач на седум квадратни метри во базенот пропишува протоколот за базени

Правилата за користење на базените се поригорозни, тргнувајќи од препорачано купување билети он-лајн, преку водење сметка да има еден пливач на седум квадратни метри во базенот, 15 луѓе на сто квадратни метри околу базенот заедно со веќе воспоставените правила маска, дистанца и дезинфекција.

На базените не се препорачува користење угостителски услуги. , а за оние во состав на хотели треба да бидат на располагање само на гостите од хотелот.

Владата во понеделникот ги ослободи пазарните инспектори од обврската да казнуваат доколку во ресторан на иста маса седат повеќе од двајца гости кои не се семејство. Ги укина ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Интензивни инспекции на плажите во Грција: Се острануваат нелегални лежалки од просторот за пешкири

A1on

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on