А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани

by А1он29/09/2018 - 19:16182
Share0

Заврши гласањето на референдумот на македонските државјани во Србија кои го остварија своето право во Дипломатско-конзуларното преставништво во Белград. Како што јави дописникот на МИА, од запишаните 24 граѓани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија на гласачкото место 5025 до 19.00 часот гласаа 17 лица.

Добивај вести на вибер

– Гласачкото место 5025 беше отворено на време, во седум часот и затворено во 19 часот. Од 24 запишани гласачи, вкупно гласаа 17 македонски државјани. Гласањето течеше непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на изборниот одбор во ДКП Белград, Александар Поповски.

Македонските државјани во Србија трет пат го остваруваа гласачкото право, а прв пат на референдумско изјаснување. Во претходните изборни циклуси бројот на пријавени македонски државјани за парламентарните и за претседателските избори во 2014 година изнесуваше 421, односно 392 гласачи.

Причините за малиот број пријавени гласачи во Србија се повеќе. Но, според бројот на македонските државјани кои деновиве ја контактираа македонската амбасада во Белград, бројот на неинформираните гласачи е многу поголем.

– Имаме примери на граѓани кои дојдоа на гласање на ова гласачко место, но поради испуштениот рок на пријавување не можеа да го остварат своето гласачко право во ДКП Белград и затоа беа упатувани своето гласачко право да го остварат во Македонија, рече Поповски.

Според изборните правила, гласачите на прстот беа обележани со невидлив спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа.

– Од овој референдум очекувам да го реши повеќегодишниот проблем меѓу Македонија и Грција и да ни биде многу подобро, изјави Славе Груевски од Горни Милановац.

Гласањето во ДКП Белград се одвиваше мирно и непречено, а гласачкото место се затвари во 19 часот.

referendum

Би можело да ве интересира

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Горан Наумовски30/09/2023 - 15:16

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов10/10/2022 - 13:2510/10/2022 - 13:32

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска13/09/2022 - 18:3314/09/2022 - 08:10

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски09/09/2022 - 14:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен