Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Од:

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини во државата најавен е за денеска од 12 часот поради јавен протест организиран од асоцијацијата „Макам-транс“, информира Министерството за внатрешни работи.

Протестот ќе се одвива на граничните премин Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, при што ќе бидат затворени коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај.

Патничкиот сообраќај, како што велат од МВР, ќе се одвива непречено на сите гранични премини.

Според најавата на организаторот, протестот е предвиден да трае до седум дена, со можност да биде прекинат и порано доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.

Од МВР посочуваат дека ќе преземат соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир и за обезбедување безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата што превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.

МВР апелира до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби