Од 1. ноември објава на изгубени документи само на шалтер на „Службен весник“ во МКЦ

Од:

Од 1. ноември годинава доставувањето барање за огласување изгубени лични документи ќе може да се направи само на шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РМ“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) на кеј „Димитар Влахов“ бб, веднаш до зградата на МРТВ.

– Шалтерот на ЈП Службен весник на Република Македонија, кој досега беше лоциран во рамките на просториите на дирекцијата, во деловниот објект „Буњаковец“,  од 1 ноември 2014 година,  нема повеќе да биде во функција  за потребите на граѓаните и правните лица, соопштија денеска од „Службен весник на РМ“.

Ова решение, се појаснува во соопштението, е резултат на континуираното спроведување и примена на последните технолошки капацитети во своето работење, при што ЈП „Службен весник на РМ“ беше иницијатор на повеќе проекти за електронско поврзување со надворешните системи, како и за едношалтерскиот систем за објава на личните документи со МВР.

Би можело да ве интересира

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30 ноември со полно работно време

Граѓаните нема да трпат во остварувањето на своите права, вели Спасовски за обврската за промена на личните документи

Од денеска стапува на сила Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти

Горан Наумовски

Пасошите со „северна“ поскапи за 500 денари: МВР ги покачи цените на личните документи

Орце Костов

Кристина Јоакимовска е нов в.д. директор на ЈП „Службен весник“

Министерство за правда: Граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги

А1он