Очекував да чујам уште жолти комбиња да кажете дека имало, им рече Русковска на адвокатите на обвинетите

Од:

Обвинителката Вилма Русковска на почетокот на судењето за настаните од „27 април“ приговараше на забелешките на адвокатите на обвинетите дека на снимките од Собранието обезбедени од ТВ куќите го нема реалното време и дека се сечени, лепени и монтирани.

„Јавното обвинителство не е кинотека. Од сега па натаму ќе биде овозможен само препис на доказите. Очекував да чујам уште жолти комбиња”, рече Русковска.

Таа им порача на адвокатите на обвинетите да бидат активни и да ги бараат снимките од ТВ куќите во корист на нивните клиенти. Рече дека обвинителството нема што да крие, уште помалку, да сече, лепи и монтира.

На денешното рочиште продолжува репродуцирањето на снимките на Обвинителството во судницата.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски