Очекуваме ЕУ да го испорача ветеното и да ги потврди своите вредности, вели Заев

Од:

Европа сега е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати и кон граѓаните на Северна Македонија, но и према Западен Балкан, но и за самите свои граѓани во ЕУ. Ние покажавме успешност во реформите. Сега се работи на следен чекор а тоа е правата меѓувладина конференција, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Затоа што ако некој заслужил, ако некој најмногу чекал, ако некој покажал европски манири и вредности и постигнал сериозни билатерални договори, успеал сто проценти во реформите, конечно во март 2020 година сто отсто беа потврдени успешноста во реформите од сите 27 земји членки. Сега се работи за следниот чекор прва меѓувладина конференција и верувам дека тоа Европа ни го должи и Европа ќе го направи како исчекор, рече Заев.

Во однос на тоа дали С Македонија и Албанија треба да одат заедно на патот кон ЕУ, Заев рече дека сака Албанија како наш сосед да оди заедно со нас, треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес и, вели, не очекува ништо помалку од тоа за нашите граѓани затоа што нашиот народ заслужил и очекува Европа да биде европска и да испорача европски онака како што личи.

Во однос на разговорите за решавањето на прашањето со Бугарија, Заев истакна дека не губи надеж дека и со техничка или времена влада може да продолжат разговорите.

-Бугарија веќе објавува дека во јули ќе оди на избори, ќе донесат одлука. Прво, според мене државите разговараат. Прво, постои претседател во Бугарија, постои претседател во Северна Македонија. Веројатно владата работи со фул мандат и во Бугарија како што работи и нашата влада. Се работи за делот којшто се разговара на европско ниво и делот на билатерално ниво. Ако не сме до крај подготвени политички од страна на Бугарија за билатерално ниво можеме билатералните разговори да продолжат некаде кога ќе има политичка влада. Но, сега европскиот дел можеме и сега да го решиме, додаде премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска